Солскјер назначен за постојан тренер на Јунајтед

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Оле Гунар Солскјаер потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед и стана постојан менаџер на тимот. 45-годишниот Норвежанец помина 11 сезони во Јунајтед како играч.

„Тоа е работа за која отсекогаш сум сонувал, а јас сум повеќе од возбуден околу шансата да го предводам тимот“, рече Солскјер.

„Од првиот ден кога пристигнав, се чувствувам како дома во овој специјален клуб“, сподели Норвежанецот за „Би-Би-Си“.

„Последните неколку месеци беа одлично искуство“, додаде тренерот.

Поранешниотнапаѓач на „црвените ѓаволи“ беше назначен привремено на функцијата во декември, кога го наследи Жозе Мурињо, кој беше отпуштен. Солскјер стана првиот менаџер во историјата на клубот, кој ги освојува првите шест средби во првенството.

Под негово раководство, екипата забележа само еден пораз во 13 натпревари во Премиер лигата и се доближи на два поени од четвртото место од кое заостануваше со 11, кога Норвежанецот беше назначен.

Освен тоа, Манчестер Јунајтед успеа да го елиминира ПСЖ и да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.