Солскјер: Рашфорд е на нивото на Руни и Роналдо

од Vladimir Zorba


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека 21-годишниот напаѓач Маркус Рашфорд е на ниво на Вејн Руни и Кристијано Роналдо кога тие беа на неговата возраст.

Рашфорд го постигна својот 41. гол за „Црвените Ѓаволи“ во саботата во победата од 2: 1 над Брајтон, а тоа беше и 150-та средба за англискиот репрезентативец во дресот на тимот од Манчестер.

„Сигурен сум дека тој може да стане играч од највисока класа. Тој има само 21 година, но покажува зрелост далеку над онаа на негова возраст. Начинот на кој тој тренира, е фантастичен, бидејќи Маркус сака да тренира дополнително . Тој е многу тежок за одбрана и запирање и за мене е задоволство да работам со него. Презентацијата многу ме потсетува на онаа на Роналдо и Руни, кога беа на негова возраст“, рече Солскјер.

Норвежанецот беше соиграч со Роналдо и Руни на почетокот на кариерата на „Олд Трафорд“, а потоа и двајцата имаа големи успеси како фудбалери.

Слични содржини