Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека неделното дерби на Ливерпул е совршена можност неговите играчи да го надополнат впечатокот што го оставија со слабите игри во последно време.
– Ливерпул одлично се снаоѓа во шампионатот. Со нетрпение го очекуваме ова дерби. Мислам дека ова е совршен натпревар за играчите и навивачите. Во последно време сме во тежок период, но ќе им осигураме добар натпревар. Расположението во нашиот камп е секогаш добро. Штабот и фудбалерите знаат дека кога ќе дојде мечот против Ливерпул, тој ќе биде следен од многу луѓе. Кога потпишувате со Манчестер Јунајтед, ова е првиот меч што го очекуваш, рече Солскјер.
Норвежанецот откри и дека повредата на Давид де Хеа не е сериозна и Шпанецот нема да отсуствува долго време.
– Не очекувам Де Хеа да игра во недела, но неговата повреда не е толку лоша како што се плашевме. Мислам дека нема да биде аут долго. На почетокот мислев дека ќе отсуствува до следната пауза за националните тимови затоа што веќе се соочувавме со некои повреди на мускулите, изјави тој.
Солскјер, исто така, мораше уште еднаш да коментира за гласините за иднината на Пол Погба, кои беа реактивирани денес откако во медиумите се појави фотографија од него со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
– Не сум слушнал, дека Погба не сака да биде тука. Пол е дел од нашите планови за иднината. Тој играше со болка. Тој беше критикуван од сите страни, но тој се врати и играше со Рочдејл и Арсенал, и можеше лесно да ги пропушти. Сакаше да игра. Се обиде да се врати, но беше многу болно за него. Помина на скенер. Помина неколку дена одмор, но тој работеше, иако далеку од овде. Потоа, се појави оваа слика и повторно почнавте да шпекулирате. Но, јас немам проблем со тоа, рече Солскјер на денешната прес-конференција.