Сомнителен празен куфер пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ предизвика загриженост, евакуирани биле вработените од околните згради

Според МВР, биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер

од Nikola Popovski
51 прегледи Фото: Принтскрин

Сомнителен куфер кој бил оставен на плоштадот „ВМРО“ каде што се наоѓа и главниот партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ предизвика евакуација на околните објекти. За потсетување во непосредна близина има неколку јавни институции и министерства, па оттаму и големиот број на вработени лица кои ги напуштиле своите работни места.

По одреден период, екипи на полицијата излегле на самото место и по извршените проверки било утврдено дека се работи за празен куфер. Инцидентот бил пријавен од лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие за Државни патишта.

„Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео надзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“, соопштија од МВР.