Сончево и топло, до 34 степени

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

 Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично време со температура од 13 до 32 степена.

Позначајно дестабилизирање на времето ќе има од петок попладне па во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок вечер и в сабота околу пладне и попладне.