Сончево со локална облачност и северен ветер

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој кон крајот на денот ќе ја намалува брзината.

време в

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а денвната од 21 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 13  до 25 степени.

Во недела и во почетокот на наредната седмица ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, а дневната температура постепено ќе расте.