Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во Топ Тема на која за дискутираше за продолжувањето на школската година со физичко присуство, рече дека синдикатот нема никаква улога во процесот за одлучување. СОНК ја поздравија одлуката за продолжување на зимскиот распуст за две недели, но сметаат дека моменталната ситуација не е погодна за продолжување на наставата со физичко присуство.
-Од превентивни причини побаравме наставата да продолжи онлајн, барем за две недели за да се види состојбата каква ќе биде. од тие причини сметаме дека превентивата е најдобриот инструмент за да се намали бројот на заразени во училиштата и да не дојдеме во ситуација да се отвараат нови кластери во училиштата. Се работи за многу осетлива група, тоа се деца, нашето најмило, но од аспект на синдикати и од аспект на заштита на вработените, безбедност и здравје при работата, сепак мораме да водиме сметка и да се обезбедат безбедни и здрави услови за работа, рече Неделков.
Педијатарот Андоновски рече дека треба да бидеме свесни дека влегуваме во една нова реалност, и повеќе немаме потреба да ги согледуваме работите во регионот или светот, туку да ја следиме ситуацијата дома.
Сигурно новата комисија ќе ги прифати сите оние работи и можности кои пред две години беа многу поразлични. знаеме како ескалираа бројките и како се движеа. во неколку наврати реков дека ние треба да бидеме свесни дека сето овс е вовед во една нова нормалност. ако во сите светски држави веќе се покажува дека веќе нема запирање на целиот процес и треба да се движиме понатаму, истото сметам дека треба да се случи и кај нас. Да, сметам дека една болест која се појавила во 19 век, шпанскиот грип, кој и ден денеска опстојува, и на некој начин и покрај сето тоа што се случува ние живееме со тоа. Децата не не се разболуваат дека само со омикрон или ковид-19, се разболуваат и со грип и други болести, рече Андоновски.