СОНК до понеделник ќе соопшти дали ќе го стави штрајкот во мирување

од Nikola Popovski
305 прегледи

Добивме некои информации кои што не се врзани со тврдо утврдување на процент. Советот на СОНК ќе расправа во однос на денешните теми на разговор во Владата и ќе дадеме упатства во однос на членството, изјаснување за главното барање на Владата во интерес на учениците и децата во градинките, за штрајкот да се стави во мирување, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков после средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.

Според него, за два три дена ќе се дефинира нивното прифаќање или отфрлање.

„Владата и претставниците на СОНК се договорија во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките“, велат од Владата.

СОНК бара од владата зголемени плати за 18,4% согласно зголемениот минималец, но колку ќе понуди Владата ќе се знае викендов.

Слични содржини