Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков информира дека денеска остварил работна средба со г- ѓа Сузан Флокен, првиот човек на европската конфедерација на синдикатите за образование (ETUCE), на која што била информирана за причините, подготовката и проблемите околу организирање на штрајкот во градинките, основното и средното образование.
-Г- ѓа Флокен во името на ETUCE дава силна поддршка на СОНК и верува во издржаните барања до конечен успех. Подвлече дека, будно ќе ги следат случувањата и извештаите од штрајкот на СОНК особено ако има обиди за попречување на правото на штрајк, што е регулирано со меѓународните конвенции и препораките на МОТ(ILO), информира Неделков на социјалните мрежи.
СОНК в понеделник ќе стапи во штрајк. Најавено е дека ќе биде прекината наставата и нема да бидат згрижувани децата во градинките.
Синдикатот бара зголемување на платите за 18,4 отсто, односно нивно усогласување со минималната плата која од овој месец е зголемена од 15 200 на 18 000 денари. Дополнително, бараат минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.