Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија од името на 30.000 членство на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК денеска информира дека добила силна поддршка за најавениот предупредувачки протест и активностите што ги преземаат дел од гранските синдикати, здружени во КСС, за подобрување на нивните права од работен однос.
-Барањата за усогласување на платите врз основа на зголемување на минималната плата на национално ниво, како и почитувањето на Законот за минимална плата и колективните договори, се барања за кои заедно се бориме подолго време, за кои треба да бидеме сериозно сфатени и барања кои итно треба да бидат прифатени од страна на Владата.
,Сакаме да ги увериме членките на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), каде што впрочем и СОНК припаѓа, дека имаат отворена поддршка од сите нас, а особено заради оправданите барања коишто ги упатуваат до Владата, стои во писмото од СОНК.
Според објавеното СОНК е убеден дека нивниот организиран протест ќе биде успешен и дека нивните оправдани барања ќе бидат сериозно сфатени.
-Сепак, сметаме дека по пат на социјален дијалог ќе се изнајдат взаемно прифатливи решенија за гранските синдикати при КСС и Ве уверуваме дека СОНК и во иднина ќе им ја дава целосната поддршка за сите чекори што би ги преземале. Ви посакуваме успех во Вашата мисија, со надеж за остварување на истата, секако со нашето присуство на протестот кој ќе се одржи на 30.03.2022 година во 15:30 часот пред Собранието на Република Македонија, соопштија од КСС, објавувајќи го писмото на СОНК.