СОНК го стави штрајкот во мирување, учениците од утре на настава

од Nikola Popovski

СОНК денеска одлучи да го стави штрајкот во мирување, изјави претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков.

-Ние сме легалисти и ги почитуваме законите. Од таа причина додека трае периодот на помирување и решавање на спорот меѓу двата табори, штрајкот ќе се стави во мирување. Извршивме детална консулатација со повеќе правници, адвокати, судии и ќе мораме да го постапиме согласно законот. Од денеска се додека не се реши спорот. Сме убедени дека во наредните период ќе ги најдеме соодветните заеднички решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со МОН, верувајте и сакам да уверам дека штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам до тоа нема да дојде и дека со владините институции ќе изнајдеме решение, кажа Неделков пред новинарите.

Тој е убеден дека платите ќе бидат зголемени колку што бараат и дека дневниците нема да бидат скратени колку што траел штрајкот.

-Сакам да го уверам членството дека ова е само почитување на законот и доколку не се договориме во законскиот рок, штрајкот повторно ќе биде активиран. Би било добро да нема протест од аспект да не се врши притисок врз преговарачите. Има повеќе опции, максимално е 20 дена, првично 10 дена, информира Неделков.

Претседателот на СОНК потенцира дека од утре учениците се враќаат во училишните клупи.

Слични содржини