СОНК и МОН ги продолжуваат преговорите

од Берта Китинска
310 прегледи

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги продлжуваат преговорите за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, како и за дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование.

Денешната средба е за закажана во 10 часот во просториите на СОНК.

Синдикатот штрајкот го стави во мирување на 28 април откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот.

Максималниот рок на мирното решавање на споровите е 20 дена, а првичниот рок од 10 дена истече во неделата.

Слични содржини