СОНК и МОН потпишаа спогодба за повисоки плати за 15%

од Nikola Popovski
250 прегледи

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков попладнево информираше дека СОНК и МОН потпишале спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15% од септемвриската плата.

Денеска на прес-конференција министерот Јетон Шаќири соопшти дека наставниците ќе добијат, како што рече, „историско покачување” со септемвриската плата.

Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.

Слични содржини