Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) информира дека донеле едногласна одлука за генерален штрајк кој што ќе започне на 11-ти април.
-До кога ќе трае, ќе зависи од преговорите со надлежните министерства, веројатно и со делот од владините претставници или ќе трае дотогаш додека не се договориме, истакнал денеска претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Според него, денешните преговори завршиле без предлог од страна на Владата.
-Моментално наставниците, ако зборуваме за наставници иако во дејноста образование има и други работни места и не се работи само за профилот на наставници, меѓутоа еве во основното образование платите на наставниците се 24.800 денари, во средното образование 25.700 денари. Тоа се далеку под просечната плата. Така да, тоа се едни параметри што укажуваат дека нашите барања се оправдани, особено од аспект на трендот на зголемување на минималната плата на национално ниво коешто не се следи процентуално за зголемување на платите на сите работни места, нагласи Неделков, коментирајќи го барањето за зголемување на платите за 18,5 проценти.
Претседателот на СОНК појасни дека платите би требало да се зголемат до околу 30.000 денари.