Во градинките се прекршува колективниот договор и директорите ги тераат негувателките и вработените да работат по 8 часа не како што е регулирано по 6 часа за воспитувачките и 7 за негувателите , вели претседателот на СОНК Јаким Неделков.
„Бараме од директорите на установите да ги преиначат решенијата кои ги издале до вработените за да се врати старото работно време од 6 и 7 часа за овој персонал.. Тие со деца треба да работат 6 односно 7 часа, а останатото време до 8 часа се регулира со посебен акт, со допонителни програмски активности. Сега тие бесцелно седат на работа, а повторно треба работата да ја завршуваат во домашни услови“, рече Неделков
Од тие причини СОНК бара веднаш Министерството за труд и социјална политика односно министерката во рамките на своите надлежности да побара овој проблем еднаш засекогаш да се реши, и тоа што побрзо.