СОНК предлага прво да се направи пробен проект па резултатите да кажат дали да се спојуваат предмети

од Берта Китинска
247 прегледи

СОНК,  синдикатот во образованието апелира до министерството  за образование да не брза со спроведувањето на планот за спојување предмети.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски во изјава за Сител вели дека се уште не се знае како ќе се организираат часовите. Според него, најважно е ниту еден наставник да не остане без работа.

-Тој еден наставен наставен предмет, интеграцијата би била на пример, ако се четири наставни предмети со колку проценти би влегле овие наставни предмети? Колку тоа би биле во фондот на наставни часови на еден наставник и дали тоа ќе биде важно за формирање на генералната оценка на оценка што е исто така многу важно, вели Неделковски.

Синдикатот предлага прво да се направи пробен проект, да се видат резултатите, и токму од овие резултати да зависи самата примена.

Слични содржини