Револтот во членството е големо особено во градинките во средното образование , до 3 март водевме сериозни преговори за покачување на платите со министерствата за образование и за труд и социјална политика, но резултатот од преговорите е еднаков на нула, кажа Јаким Неделков, претседателот на СОНК.
Според него, најголемиот законски прекршок е во дејноста детска заштита каде што десет различни работни позиции, согласно колективниот договор, се поистоветуваат и ќе земаат иста плата, во основно образование се работи за пет, а во средното за четири работни позиции кои се со различни коефициенти и различна сложеност на работни места, а ќе земаат иста плата.
-Во основното образование 5 работни позиции, а во средното образование 4 работни позиции со различни коефициенти и различна сложеност на работа од 1 април ќе земаат минимална плата, вели Неделков.
Соопшти дека најдоцна до среда ќе се разговара и на Економско-социјален совет во Владата, под претседателство на премиерот, каде што и СОНК ќе биде поканет.
Доколку преговорите останат без договор, веројатно ќе биде преземена, како што рече, една од двете порадикални синдикални средства – масовен јавен протест или генерален штрајк.
-Може да се најде и алтернативно решение за синдикалните активности, но за тоа ќе имаме информации по сабота. Доколку преговорите не бидат успешни, тогаш во најбрз можен рок СОНК ќе излезе со соопштение и ќе ги кажеме нашите следни чекори. Ова не е тенденциозно и не е од сега, но е прелевање на чашата и дуење на балонот кој не може да издржи и ќе пукне. Ние нудиме системски решенија за надминување на овој проблем, кажа претседателот на СОНК.