Sony планира нов PlayStation контролер со екран?

од Vlatko K
92 прегледи

Ажуриран патент, поднесен од Sony во 2017 година и јавно објавен во октомври 2018, открива
интересен експеримент. Последниот е поврзан со нов PlayStaion контролер, кој вклучува екран на
допир. Предметниот во општи линии звучи како стандардниот DualShock 4 + екран на допир на местото на моменталниот тачпад. Според идејата, контролерот треба да обезбеди функционалност слична на Wii U контролорот. Тоа е, добивање на дополнителни информации (инвентар, карта, итн).

Pushsquare“ дури шпекулираат со идејата за слична на Remote Play функционалност на PS Vita и
Xperia линијата од паметните телефони на компанијата.

Другата вистина е дека технолошките компании постојано пријавуваат какви ли не патенти кои
често немаат комерцијална реализација. Се разбира, постои можност да се зборува за
потенцијален прототип на контролерот PlayStation 5. Сепак, додавањето на екранот значително ќе
ги зголеми трошоците за вкупниот пакет.

Во моментов би рекле дека повеќе зборуваме за прототип, кој никогаш нема да види бел свет.