Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која се случи утринава во 6:50 часот на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Крупиште.
– Двајцата тешко повредени пациенти се уште се на снимање и иследување. Прегледани се од ортопед и хирург. Состојбата на пациентите се следи, вели портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека до несреќата дошло при судир на две патнички моторни возила, но како се случила повеќе информации во текот на денот. Во тек е увид на местотото на несреќата од страна на истражните органи.