Сообраќајна несреќа во Охрид: Автомобил удрил во велосипедистка

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека велосипедистка се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автомобил.

„На 19.06.2021 во 09.45 часот на крстосницата од ул.„Железничка“ со ул.„Будва“ во Охрид, патничко возило „опел“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(34) од Охрид удрило во велосипед управуван од Е.А.(71) од Охрид“, велат од МВР и додаваат дека по незгодата велосипедистката е пренесена во Општа болница Охрид за укажување на лекарска помош, поради тешките телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.

Слични содржини