Сообраќајните контроли продолжуваат: Изречени 168 санкции за еден ден

од Берта Китинска
118 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за непочитување на првенство на минување, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.