Сообраќајот по влажни коловози, снег провејува во североисточниот дел, на Маврово и Шапка

од Vlatko K
120 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Слаб снег провејува во Крива Паланка, Страцин, Павлешенци, Штип, Сарамзалино, Маврово и на Попова Шапка кој во моментов не се задржува на коловозот, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во Македонија температурата се спушти до – 21 степен

 

Се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.