Сообраќајка кај Собрание, настрадал сопатникот во „помалата кола“

од desk2
13 прегледи

Како што соопшти СВР Скопје, вчера таму било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ со ул.„Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(64) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(53) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сузуки“, С.П.(73) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични содржини