Сообраќајка на кружен тек во Скопје – тројца полицајци завршија во болница

од Nikola Popovski
128 прегледи

Полицајци учествувале во сообраќајна несреќа во Скопје, при што се однесени во болница – стои во полицискиот билтен. Според МВР, вчера на 12.07.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од бул.„Партизански одреди“, ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(29) од Скопје и патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник В.И.(35) од с.Бањане, скопско.

Во несреќата со телесни повреди се здобил В.И. и неговите сопатници А.С.(28) и 26-годишната И.Б., двајцата од Скопје (сите полициски службеници), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

„Извршен е увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.

Слични содржини