Сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум, едно лице пренесено во болница

од Stefanija Kuzmanovska

Сообраќајна несреќа попладнево се случила на патот Охрид – Свети Наум, кај хотелот „Славија“. Во истата учествувале две патнички возила, опел астра со охридски регистарски таблици и џип со кавадаречки таблици.

„Во сообраќајната несреќа учествувале две возила со македонски регистарски ознаки. Едно лице е пренесено во болница и се уште не се знае типот на повредите“, навел за „Охрид њуз“ портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Слични содржини