Соосновачот на платформата Vine најден мртов во неговиот дом

од desk2
118 прегледи

Еден од основачите на популарната видеоплатформа Vine и на апликацијата HQ Trivia, Колин Крол, вчера беше најден мртов во неговиот стан во Њујорк.

Телото на 34-годишниот Крол го нашла полицијата откако неговата девојка побарала да проверат што се случува со него.

Њујоршката полиција стигнала до станот на Крол на Менхетен за да провери дали се наоѓа внатре.

Неговото мртво тело било најдено до прибор за земање дрога. Се очекува судски вештак да ја утврди причината за смртта што најверојатно е предозирање со наркотици.

„Беше многу талентиран и постигна многу иако беше толку млад. Ова е огромна загуба“, изјави таткото на Крол, Алан, за New York Times.