Сопругата на Честер Бенингтон се обрати на неговите фанови

од Vladimir Zorba

Фановите ширум светот да знаат дека ја чувствуваме љубовта, ја чувствуваме истата ваша загуба”, изјави Талинда Бенингтон – сопругата на водечкиот вокал на бендот Linkin Park, кој веќе не е меѓу живите.

Честер Бенингтон се обеси во спалната соба во својот дом во близина на Лос Анџелес минатата недела. Инспекторите потврдија дека тој се самоубил, потсетуваат агенциите.

“Имавме прекрасен живот, кој сега стана Шекспирова трагедија. Како да го подигнам духот? ” , напиша Талинда Бенингтон.

Честер Бенингтон беше пронајден мртов на денот, на кој неговиот пријател – фронтменот на групата Soundgarden Крис Корнел требаше да наполни 53 години.
Корнел се обеси на 18 мај 2017 година.

Слични содржини