Сопругата на Гризман разгледува куќи во Барселона

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Партнерката на ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман – Ерика Чоперена бара куќа во Барселона, објавија од радио „Catatalunya“.

Според медиумите, Ерика минатата недела гледала неколку домови во главниот град на Каталонија. Наводно, 26-годишната сопруга на Французинот го искористила натпреварот помеѓу двата тима минатиот викенд, за да погледне неколку места.

Поконкретно, таа го посетила регионот Кастелдефелс, каде живеат лидерите на каталонците Лионел Меси, Луис Суарез и Филипе Кутињо.

Освен тоа предмет на внимание станал и регионот Педралбес, во кој претходно живеел Нејмар, а сега таму живее Усман Дембле.

Слични содржини