Селекторот Игор Ангеловски ѝ ја посвети големата победа против Германија на својата сопруга Тања, која се бори со коронавирусот.
Ден по големото победа на нејзиниот сопруг во Дуизбург, таа напиша емотивна порака преку која испрати честитка до сите репрезентативци за одиграното во изминатиот период.
– Сакам да Ви честитам за победата над четирикратниот светски првак Германија. Две децении без пораз, а таа серија токму МАКЕДОНИЈА да ја прекине РЕСПЕКТ. Во овие Квалификации постигнати 9 голааа СЕКОЈА ЧЕСТ. Честитки до Стручниот штаб, медицинскиот тим и техничкиот персонал на А селекцијата, сите фудбалери на А селекцијата. Некои од нив за овие 5 години пораснаа во очите на Игор Ангеловски од голобради момчиња станаа мажи, татковци за прв пат горди и одважни свесни за уникатноста на нивните карактери. Сите овие момци се предводени од капитенот ГОРАН ПАНДЕВ, маркантна фигура, далеку пред своето време. Никогаш нема да ги заборавам овие Квалификации и периодот низ кој поминував заедно со моето семејство. КОВИД…неканет гостин кој ви го зема здивот. Сè уште ми одѕвонуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и крвните анализи. „КАДЕ СИ ТРГНАЛА МАЛЕЧКА, ЈАС СЕУШТЕ НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО ТЕБЕ”.Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбирање и поддршка, без оглед на сè. Благодарам за тоа што ја сакаш мајката на твоите деца. Имајте мирно небо и здрави и живи вратете се дома – напиша Тања Ангеловска, сопругата на селекторот Игор Ангеловски.