Сопругата само што излезе од болница, татко му дијагностициран со рак: Со што сè се соочува идниот крал?

од Stefanija Kuzmanovska
471 прегледи

Времињата се многу тешки за принцот од Велс во моментов. Откако Кејт Мидлтон беше подложена на операција на абдоменот, на кралот Чарлс Трети му беше дијагностициран рак. Иако Вилијам планираше да ги одложи обврските на функцијата и титулата за да биде со сопругата, ќе мора да преземе дополнителни обврски за да го замени својот татко, кој почна да се лекува порано денеска.

Кенсингтонската палата претходно денеска соопшти дека принцот ќе продолжи со јавните обврски, почнувајќи со гала прибирање средства за лондонската воздушна амбуланта во среда.

Враќањето на Вилијам на работа се очекува да биде исполнето со обврски, а тој ќе мора да се грижи и за Кејт, чиј процес на закрепнување се предвидува дека ќе трае до Велигден, кога таа самата планира да се врати на кралските должности.

Да потсетиме, Бакингемската палата денеска објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Не се соопштени повеќе детали за тоа за каков тип на рак се работи, но кралот веќе почнал со „редовни третмани“.

Бакингемската палата соопшти дека кралот „останува целосно позитивен во однос на неговиот третман и со нетрпение очекува да се врати на целосна јавна должност што е можно поскоро“.

Иако ќе ги паузира јавните настани, Чарлс (75) ќе продолжи со својата уставна улога како шеф на државата.

Исто така, принцот Хари планира во наредните денови да дојде во Лондон за да биде со својот татко, со кого разговарал откако му била дијагностицирана болеста, пренесува „Дејли мејл“.

Слични содржини