Патрик Думонт, сопственикот на Далас Маверикс, кој ја купи НБА франшизата од поранешниот сопственик Марк Кјубан во 2023 година, зборуваше за трејдот на Лука Дончиќ.
Во интервју за „Dallas Morning News“, Думон се обиде да објасни зошто Далас го испрати Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.
„Ова беше емотивна недела за сите нас. Навистина е. И навистина го разбирам и го почитувам тоа. Јас сум голем фан на Лука Дончиќ. Моето семејство е голем обожавател на Лука Дончиќ. Имам многу длабока почит за сето она што го донесе во овој тим, за она што го донесе во Далас, за возбудата што ја создаде овде. Тој е играч кој ви создава морници. Сакам да знаете дека го разбирам секој навивач кој е погоден во овој момент. Што се однесува до мене, Лука е дел од овој тим до крајот на својот живот и искрено не му посакувам ништо друго освен среќа и успех во Лос Анџелес“, изјави Думонт.
Тој го продолжи своето излагање со многу чуден тон. Не го спомна Дончиќ по име, но овие зборови звучеа како да се упатени токму нему.
„Ако мене ме прашувате, тимовите победуваат кога сите играчи се концентрирани, имаат вистински карактер, ја носат вистинската култура, ја покажуваат вистинската посветеност на работата и работат колку што можат напорно за да придонесат за исходот на шампионатот. Ако не го правите тоа, ќе бидете поразени“, рекол Думонт, продолжувајќи:
„Ако ги погледнете најдобрите играчи во оваа лига, играчите со кои пораснавме… Џордан, Бирд, Брајант, Шек… Тие работеа многу, многу напорно секој ден и беа фокусирани исклучиво на победа. Ако го немате тоа во себе, работите нема да функционираат“.
Во истото интервју, Думон демантираше уште една гласина дека Далас Маверикс ќе се преселат во Лас Вегас.