Сопственикот на Зегин: Mожеме да набавиме вакцини, чекаме повик од државата

од Nikola Popovski
538 прегледи

„Никој од нас не побара помош во набавката на вакцини. Вакцините за сезонскиот грип беа донесени по наша заслуга“, вели сопственикот на компанијата „Зегин“, Благоја Механџиски за емисијата „Трилинг“.

Според него, имаме слаб тим на ниво на министерство за здравство, кој може да предвиди и може да формира индекс на предвидување, како ќе се движи.

„Ние живеевме од едно јавување на министерот до друго. Човечкиот фактор е виновен што немаме вакцини. Сепак, немаше волја да се соработува со фармацевтските куќи. Се уште чекаме повик од државата. Ние и сега можеме да набавиме вакцини“, потенцира Механџиски.

Слични содржини