Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, потврди дека имал телефонски разговор со Али Ахмети од ДУИ. Иако некогаш жестоко ја критикуваше партијата ДУИ, сега не ја исклучува како партнер за локалните избори. Таравари вели дека постојат две опции, настап со коалицијата ВЛЕН или самостојно, со можност за соработка со ДУИ во вториот изборен круг.
Ова предизвика силни реакции од партиите во ВЛЕН, кои одбиваат контакт со, како што велат, „корумпирана партија“. Лидерите на коалицијата го предупредија Таравари да не преговара со ДУИ, а Билал Касами изјави дека без ВЛЕН, Таравари нема политичка тежина. И покрај тоа, АА реши да настапи самостојно. Иронијата е што Таравари сега ја разгледува истата соработка со ДУИ која порано ја нарекуваше предавство.