„Соработуваме со надлежните“: Претрес во седиштето на Европската народна партија во Брисел

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

Белгиската и германската полиција денеска извршија претрес во седиштето на Европската народна партија во Брисел, најголемата група во Европскиот парламент, соопшти партијата, пренесува „Политико“.

Потрагата е поврзана со тековната истрага во провинцијата Тирингија во Германија, се додава во соопштението.

„Партијата целосно транспарентно соработува со надлежните органи, давајќи им ги сите релевантни информации и документација“, нагласуваат од ЕПП.

Според првичните информации, полицијата запленила компјутери во врска со тековната истрага за наводна корупција за време на изборната кампања на ЕУ во 2019 година.

„Белгиски полицајци упаднаа на првиот и третиот кат од седиштето на партијата“, изјави изворот.

Пратеникот на ЦДУ Марио Војгт беше менаџер на дигитална кампања на лидерот на ЕПП Манфред Вебер за време на изборната кампања за Европскиот парламент во 2019 година, а истрагата се фокусира на доделување договор за дигитална кампања на компанија во Тирингија.

Војгт сега е шеф на ЦДУ во Тирингија. Минатиот септември, покраинската парламентарна комисија за правда му го укина имунитетот.

Слични содржини