Сораја го заведува поранешното момче на Кајли Џенер

Црногорската старлета Сораја Вучелиќ на социјалните мрежи има повеќе од 380 илјади следачи, а српските медиуми пишуваат дека во последните неколку дена, американскиот рапер Тајга ја заследил на Инстаграм. Поранешното момче на најмладата милијардерка, Кајли Џенер, се шушка дека на сите начини се обидува да го придобие вниманието на црногорската старлета.

– Тајга ги видел фотографиите на интернет и веднаш ја пронашол и ја заследил старлетата на Инстаграм. Нејзините фотографии многу му се допаднале, особено затоа што Сораја неодоливо потсетува на неговата поранешна девојка – рекол извор близок до Сораја, додавајки дека Тајга се надева дека и таа него ќе го заследи.

– Кога Тајга ја заследил Сораја, најверојатно очекуваше дека таа ќе му возврати со иста мера, но тоа не се случи, бидејќи таа не следи никого на Инстаграм. Всушност, на почетокот таа не ни знаела кој е Тајга и не обрнала внимание на него – објаснил изворот.

Откако видел дека таа не го заследи, Тајга одлучил да ја отследи.

– На Сораја и беше интересно тоа што Тајга секоја нејзина објава ја гледа меѓу првите. Изгледаше како едвај да чека да види што има ново и тоа траеше неколку дена, а потоа ја отследи и со денови ништо. Повторно ќе ја заследеш и повторно ќе и ги гледаше објавите и така во круг – заклучил изворот.

Раперот е тежок три милиони долари. Оваа година би требало да настапи на Егзит фестивалот.

Слични содржини