Сорос: Се што можеше да тргне наопаку, тргна

од desk2
137 прегледи

 

Нестабилен долар и повлекувањето на капиталот од пазарот во развој може да доведат до уште една голема финансиска криза, предупреди милијардерот Џорџ Сорос.

Говорејќи на состанокот на Европскиот совет за меѓународни односи кој се одржува во париз, тој предупреди дека ЕУ се соочува со егзистенцијална криза.

„Се што можеше да тргне погршно, тргна„, рече тој. „Повеќе не се зборува фигуративно дека Европа е во егзистенцијална опасност, тоа е сурова реалност.“

Според Сорос, бегалците, територијалната дезинтеграција и политиката на штедење се трите главни предизвици за ЕУ.

„Зависноста од штедење“ од страна на ЕУ го оштети еврото и ја влоши европската криза, смета Сорос.

Тој ја поддржа групата „Најдоброто за Британија“, која се залага за втор референдум за Брегзит и донираше 700.000 фунти за таа кампања.

„Најммногу штета се чувствува сега кога Еу е во егзистенцијална криза, а нејзиното внимание е насочено кон преговорите за спогодбата за излегување н Британија од унијата. Тоа е губитнички предлог, но може да се сврти во победничка ситуација.“