Сос со лук – Совршено со месо

од desk2
151 прегледи

Супер сос со лук за со месо, совршена комбинација.

СОСТОЈКИ:
5 чешниња лук
50 гр маргарин
1 лажица брашно
200 мл млеко
сол, бибер, магдонос, зачини по желба

ПОДГОТОВКА:
Маргаринот се растопува и се додава брашно па добро се соединува.
Се додава и ситно сецканиот лук, па малку се динста за да омекне, по што се додава и млекото и се динста додека не почне да згуснува смесата.
Се додаваат зачини и магдонос.

Слични содржини