Соседи му упаднале на скопјанец дома и го удирале со пиштол

Едно од лицата го турнало и малолетниот син на оштетениот

од Nikola Popovski
21 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител Тв

Ноќеска во 01:00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(57) од с.Визбегово, скопско, пријави дека на 21.03.2026 околу 22:30 часот во семејната куќа, неколку лица кои му биле соседи, ја скршиле влезната врата и физички го нападнале, а едно од лицата со пиштол го удирал по главата.

При тоа, едно од лицата го турнало и малолетниот син на пријавителот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини