Состанок на КЗБ – одлука за нови рестрикции поради делта сојот

од Берта Китинска
160 прегледи

Негативен ПЦР, сертификат за вакцинација или карантин се можните рестрикции за кои денеска Комисијата за заразни болести ќе разговара за да се спречи ширењето на делта-видот на коронавирусот.

Експертите предупредуваат дека прашање на време е кога индискиот (делта) сојот на коронавирусот ќе дојде во земјава .Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека веќе се анализира и се истражува за овој вид.

Комисијата, рече тој, ќе проценува дали да се воведат тестови за влез во Македонија.

-Треба да се процени ризикот и да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која навистина може да се заштитиме – рече Филипче.

Во моментов, само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин, а за останатите влезот не е условен.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151.

Слични содржини