Состојба во ковид-центрите: Во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

од Берта Китинска
259 прегледи

Според информациите на  Министерството за здравство во болницата во Битола се хоспитализирани 48 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 19 во Кичево 9, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 748 и има околу 920 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Слични содржини