Состојбата е стабилна, училиштата остануваат отворени, вели Царовска

од Берта Китинска
250 прегледи

Се следи ситуацијата со вирусот во училиштата и таа е стаблна во моментов. Но, доколку имаме алармантна ситуација и потреба од носење рестриктивни мерки и во другите сектори, секако дека Министерството за здравство заедно со Министертството за образование и наука ќе разгледува можности за следните сценарија, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Бројките што ги соопшти се исти како и во минатите недели, нема голем број КОВИД-позитивни ученици.  Процентот на новозаразени според дневните статистики, рече, се движи од 0,01 до 0,03, а вкупниот број  активни случаи во училиштата не надминува 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици коишто следат настава со физичко присуство. Апелирам дека ситуацијата е стабилна во моментов и дека во највисок интерес на секој ученик е тој да биде во училиште. Тоа не е само наша проценка, туку и според меѓународните организации што работат на квалитетот на образованието во целиот свет, посебно во земјите во развој како што е нашата, изјави Царовска.

Слични содржини