Лекарите од болницата „Шарите“ во Берлин, ангажирани на лекување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, ќе се обратат пред јавноста во понеделник, а форматот на обраќањето сè уште се разгледува, изјави претставникот на болницата за медиуми, Мануела Цингл.
Таа додала дека поради тековната пандемија на коронавирус, се разгледува дали ќе се организира прес-конференција или ќе биде издадена писмена изјава.
„Испитувањата се во тек. Не можам да кажам колку долго ќе траат“, изјавила таа.
Полицијата постојано дежура пред болницата
Полицијата постојано е на должност пред болницата во која е сместен Навални и така ќе биде цела ден.
„Ќе бидеме тука цела време. Да, тоа е поврзано со хоспитализација на Навални“, изјавиле полицајците пред новинарите.
Рускиот опозиционер вчера наутро беше префрлен од Омск на клиника во Берлин, а според германските медиуми, неговата состојба се уште е стабилна по авионскиот лет
Трошоците за превоз се на товар на приватни лица
Патем, Јак Бизил, претседател на Фондот „Cinema for peace“, кој го организираше транспортот, им реkol на новинарите дека транспортот на Навални за Берлин, организиран за кратко време, чини многу, но дека трошоците не ги сносиле германските даночни обврзници или Фондот, туку приватни лица.
Тој додал дека не го познавал Навални лично и дека мисијата на Фондот била исклучиво од хуманитарна природа.