Состојбата со пожарите до 10 часот

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Пожарот кај Раовиќ – Буковиќ, ( Општина Сарај ) е сеуште активен, каде гори мешана шума. Во текот на вчерашниот ден беше извршена комплетна претрага и догасување на постоечките жаришта, а како поддршка се приклучи и Црногорскиот хелихоптер со 12 налета испуштајќи голема количина на вода, но најверојатно се работи за специфично земјиште кое и покрај 17 тона кои вчера беа фрлени врз овој пожар, не се успеа целосно да се изгаси.

Пожарот помеѓу селата Барово и Вешје, во општина Демир Капија, каде гори нискостеблеста мешана шума е повторно активен и во текот на вчерашниот ден беше ставен под контрола. Од 05.00 утрово на терен интервенираат 5 пожарникари со 2 возила од ТППЕ Неготино, ШС Демир Капија и група месно население.

Состојбата со пожарот кај с. Горно Мелничани е непромената, односно пожарот е сеуште активен. Во текот на ноќта на местото на пожарот останаа дел од екипите кои вчера учествуваа во гаснењето. Денес се очекува да се вклучат поголем број на лица за интервенција над овој пожар, а ќе се одлучува и за барањето на градоначалникот на општина Ц.Жупа за поддршка во гаснењето и од воздух.

Со активностите околу гаснењето на овој пожар на лице место ќе координира Дирекоторот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Повторно е активен и пожарот во атарите на селата Ракле-Никодин-Топлица, општина Прилеп. Гори кракот од с.Ракле према с.Крстец. Рано утрово на терен се ипратени 1ПП возило со 4 пожарникари и 5 вработени од НШ ,,Црн бор“-Прилеп. Пожарот е на тешко пристапен терен.

Пожарот помеѓу селото Црвена Вода и планинарскиот дом Китка, ( Општина Студеничани ) е под контрола.

Исто така и пожарот на планината Кожув кај м.в Круша е ставен под контрола. На терен утрово е излезена екипа на ТППЕ Гевгелија и ШС Кожув.

Слични содржини