Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова на прес-конференција соопшти дека будно се следат кластерите со заразените лица во Штип и Тетово.
-Во Штип издадени се 55 решенија на лица инфицирани од Ковид-19 за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти. Осум решенија издадени на лица по основ позитивни на коронавирус за домашно лекување и самоизолација и 54 решенија за здравствен надзор во Тетово. До овој момент има 70 тестирања од планираните 150.Извршени се 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработени изјави Сотирова-Бухова.
Сотирова-Бухова најостро ја демантираше информацијата којашто кружи дека конфекциите во Штип каде што има заразени се уште работат.
-Таму се присутни инспектори и се врши тетирање, се земаат брисеви од вработените, изјави Сотирова-Бухова.