Сотировски: Можно е Велигден и Рамазан да ги прославиме со поблаги рестриктивни мерки

од Nikola Popovski
439 прегледи

„На средбите со лидерите на верските заедници, државниот врв ги запозна со сите параметри на епидемиолозите што се забележани. Се објаснија проекциите што ги очекуваат стручните лица како бројки на движење, за очекуваната крива да се реализира“, вели Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници, во однос на средбите со верските поглавари во пресрет на големите празници Велигден и Рамазан.

Според него, верските лидери биле конструктивни и оставиле експертите да си го кажат своето.

„Лани ИВЗ своите џамии во клучните период ги затвори, МПЦ го дочека Велигден со празни храмови. Сите поглавари се согласија со вакцинацијата и да нема пропусти како што имаше минатата година. Максимумот на безбедност да го ставиме на едно повисоко ниво“, рече Сотировски за емисијата „Утрински брифинг“, дополнувајќи дека верските празници ќе се слават со одредени рестриктивни мерки, кои би биле поблаги од минатата година, доколку состојбата е подобрена.

 

Слични содржини