Социјалната мрежа на Трамп е достапна за преземање

од Vladimir Zorba

Truth Social, социјалната мрежа на Доналд Трамп, е достапна на онлајн продавницата на Apple од понеделникот, која инаку претставува новиот медиумски канал на поранешниот републикански претседател, откако минатата година му беше забранет пристапот до други онлајн платформи.

Апликацијата стана достапна за преземање кратко по полноќ по американско време и автоматски се инсталираше на уредите на Apple на корисниците кои се претплатиле.

Интерфејсот на апликацијата, која се појавува на мобилните уреди под името MAGA Hub, е копија на Instagram, за да може да споделува „приказни“ и класични објави.

На новите корисници кога ќе влезат во апликацијата, која се појавува на нивните мобилни телефони под името MAGA Hub под слоганот на Трамп „Направи ја Америка повторно голема“, им се појавуваат пораки против носење на заштитни маски, такви за актуелниот претседател Џо Бајден како „комунистички педофил“ или пак кои го слават бразилскиот лидер Жаир Болсонар.

„Сакаа да не закопаат, но не знаеја дека сме семиња“, напишал еден корисник на новата социјална мрежа, на која има и неполитички објави, како слики од кучиња.

На неа засега не може да се најде официјалниот профил на самиот поранешен претседател.

Слични содржини