Соученици фрлиле другарка од прозорец во училиштето

од desk2
104 прегледи

Во вторникот утрото, во Полициската станица Аеродром, Е.Ц.(50) пријавил дека на 28.09.2018 година во периодот од 10.30 до 11.00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја.

Девојчето се здобило со телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини