
Кина одбра 120 специјалисти за работа во водечкиот истражувачки институт за да го поттикне развојот на вештачката интелигенција и квантната технологија за нивно користење во воената сфера, соопшти South China Morning Post кој се повикува на државни медиуми.
Кинеската армија (НОАК) привлече специјалисти за работа во Кинеската академија за воени науки. Над 95% од истражувачите имаат дипломи и специјализираат во квантната технологија, а особено во вештачката интелигенција.
Весникот забележува дека оваа мерка е поврзана со намерата на Пекинг да стане воена супер-држава и да се израмни со САД. Тоа е поврзано со обидите на претседателот на НР Кина Кси Џинпин да создаде ултрасовременна армија која “би била способна по потреба да даде отпор на секој непријател”.
За време на парадата во 2015 година лидерот на Кина изјавува намера да го намали бројот на НОАК за 300 илјади лица од нејзиниот не борбен состав, со што да ја направат мобилна и ефикасна. Засега, NOAK е се уште најголема во светот, со околу 2,3 милиони (0,18%) од населението во земјата.