Совет за безбедност: Државата ги презеде неопходните мерки за безбедна евакуација на македонските граѓани кои се во Украина

од Берта Китинска
171 прегледи

Советот за безбедност, предводен од претседателот Стево Пендаровски, ја разгледа безбедносната состојба во земјава и во регионот поврзана со руската агресија врз Украина. Притоа, беа осудени воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, кои веќе донесоа загуба на човечки животи и материјална штета.

-Безбедносната состојба во земјата е стабилна. Земјава има доволно стокови резерви и енергенси. Надлежните институции секојдневно ќе ги следат состојбите, за да се интервенира доколку има потреба. Државата ги презеде неопходните мерки за безбедна евакуација на македонските граѓани кои се наоѓаат во Украина. Во редовна координација сме со НАТО сојузниците во однос на идните активности кои ќе се преземат. Советот за безбедност апелира до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО, информираше Пендаровски на својот Фејсбук.