Совет за безбедност на ОН: Истече времето за разговор

од desk2
93 прегледи

 

Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на Русија расправа за ситуацијата во Сирија по воздушниот напад на САД, Франција и Британија, на цели во оваа земја.

Рускиот амбасадор при ОН Василиј Небензија истакна во текот на расправата дека научните станици врз кои е извршен напад служеле за подобрување на економијата на земјата.

„Зарем сакате да ја вратите Сирија во камено доба? Пред судирот во Сирија, таа важеше за една од најразвиените земји на Блискиот исток, нагласи рускиот амбасадор.

Освен тоа, тој наведе дека САД “прават катастрофалната ситуација во Сирија да биде уште полоша, разорувајчи го системот на меѓународно право како што тоа беше случај во Југославија, Либија и Ирак“.

Рускиот амбасадор ја обвини САД дека го подрива авторитетот на Советот за безбедност на ОН, наведувајќи дека се работи за политика на неоколонијализам и го обивини Вашинготн дека го крѓи мешународното право.

„Тоа е хулиганизам во меѓународните односи“, оцени рускиот дипломат и додаде дека „маските уште еднаш падмале“.

Наведе дека САД, велика Британија и Франција не ги почекале резултатите од истрагата на меѓународните стручњаци за наводниот хемиски напад во Сирија, туку сами одлучиле кој е виновен.

Според неговите зборови, Вашингтон, Лондон и Париз може да го сопрат судирот во Сирија за 24 часа.

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли вели дека „времето за разговор синоќа заврши“ и им се заблагодари на Велика Британија и на Франција за учеството во нападот на „сириските хемиски фабрики“.

„Овде сме затоа што три членки на Советот за безбедност делуваа, не како чин на одмазда, не за симболично да ги покажат силите, делувавме за да го одвратиме режимот од користење на хемиското оружје и злосторството против човештвото“, рече Хејли.

Според неа, одбраните мети во срцето на хемиската програма на режимот и се е направено за да се минимизираат човечки жртви.

Хејли рече дека САД и нејзините сојузници со дипломатија се обиделе да доведат до елиминација на сириското хемиско оружје но дека во тоа не успеале поради руското вето.

„Додека Русија го штитеше режимот на Асад, режимот знаеше дека ќе помине неказнето. Не можеме да гледаме како Русија ги крши меѓународните стандарди“, наведе Хејли.

Таа рече дека претседателот на САД Доналд Трам рекол дека САД повторно ќе делува ако во Сирија повторно се употреби хемиско оружје.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш вели дека тврдењата дека во хемискиот напад на Дума треба да се испитаат о стручњаци на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), чиј тим веќе се наоѓа на терен.

Москва предложи нацрт резолуција, во кој Ројтерс има увид, каде се осудува агресијата на САД и нејзините сојузници на Сирија и кршење на меѓународното право и Повелбарта на ОН“.

Во дипломатските кругови веруваат дека малку е веројатно нацрт-резолуцијата ќе добие минимум од девет гласови, колку што се потребни за САД, Франција и велика Британија да се примораат да стават вето.

За усвојување се потребни најмалу 9 гласови и ни една од петте постојани членки на телото составено од 15 членови, поточно Русија, Кина, Франција, САД и Велика Британија да не стават вето.